Протекоа документи кои откриваат дека, за време на кризата со мигранти, УНХЦР се подготвувала да преземе контролна улога ако владата не може или не сака да управува со протокот на мигранти што доаѓаат од Грција на “Балканската рута”.
Нацрт-документот од 32 страници (објавен на Balkanalysis.com ) бил резултат на локална работилница одржана од 31 август до 2 септември (2015 г., н.з.), на која присуствувале претставници на министерствата за одбрана, министерствата за внатрешни работи и социјални прашања, плус релевантни невладини организации и добротворни организации. Предлогот, кој го проследил учесникот на Balkanalysis.com, го потврдува нивното ексклузивно известување од декември 2015 година, дека ОН се подготвува да се населат над 30.000 мигранти во земјата.
„Балкан аналисис“ анализира зошто УНХЦР не успеала да ги постигне целите?
„До почетокот на септември 2015 година, Македонија беше зафатена во исцрпувачка политичка криза и преживеа албански терористички заговор со седиште во Косово за да ја дестабилизира земјата со цел да се создаде меѓународен протекторат и етнички поделба на Македонија. Овој заговор беше спречен преку полициска акција на 9-ти мај, во која загинаа осум полицајци. Инцидентот уште повеќе ги разбесни повеќето Македонци во однос кон тогашната опозициска партија на СДСМ и Зоран Заев. Меѓутоа, политичкото решение засновано на политички сили, т.н. Договор од Пржино од јули 2015 година, создаде специјален обвинител (кој ќе биде оружје против лидерите на тогашната владејачка коалиција ВМРО-ДУИ). Договорот, исто така, повика на нови избори и одлучи дека “техничка влада” ќе ја преземе власта на 15 септември.
Како дел од договорот, на СДСМ му беше дозволено да ја преземе контролата врз две министерства – внатрешни работи и труд и социјална политика, како и други битни функции во власта, и покрај тоа што беа убедливо поразени на изборите во април 2014 година. Тоа беше интересен избор на министерски ресори, очигледно, било која политичка партија сака да ја контролира полицијата, но труд и социјална политика? Тоа би било најкорисно во случај на … големи кризи на миграција. (Треба да се запомни дека истата партија ги избира истите министерства во техничките влади).
Општата нестабилност остави само еден водач, претседателот Ѓорге Иванов, способен да донесува одлуки. Ако тој не се повика на законот за кризни ситуации во текот на летото, планот на УНХЦР многу добро можеше да се реализира со доброволното учество на владата во која клучните министерства беа контролирани од левичарска партија. Наместо тоа, се случи добро координирана операција предводена од претседателот на Република Македонија (во која ОН одиграа важна, но ограничена улога).
„Балкан аналисис“ исто така ја анализира содржината на нацрт-документот: Како УНХЦР го избра сценариото за најлош случај (и најпрофитабилно) за да се присили агендата за окупација?
„И покрај тоа што не е потпишан или финализиран, документот е многу експликативен бидејќи ги покажува опциите на ООН и стандардните „инстинкти“ кои тие ги имаат кон кризите. Во него се дискутираат постоечките владини акции и одлуки, како и предлозите и плановите на УНХЦР. На тој начин овој документ прикажува два пристапи. Не обезбедува никакво табелирање на трошоците, иако со пресметувањето на бараниот материјал и готовина, читателот лесно може да го разбере финансиски неочекуваниот чекор на посакуваната операција на УНХЦР.“
Според Дел 1.2 од документот (“Планирање сценарио”), УНХЦР ги опишува миграциските очекувања на тогашната влада.
Тие велат дека оперативниот план на Владата на Македонија во случај на зголемен влез на мигранти содржел три сценарија:
-Првото сценарио, кога постои континуиран прилив на мигранти кои остануваат во земјата на краток временски период;
-Второто сценарио, кога мигрантите остануваат подолго во земјата (до 1.000 ) што вклучува изградба на нов приемен центар за приматели на азил со 1.000 кревети, изграден на парцела на територијата на општина Куманово во близина на автопатот;
-Во третото сценарио треба да се примат дополнителни 2.000 лица, со што ќе се зголеми капацитетот за прием на баратели на азил на 3.000 лица.
УНХЦР потпирајќи се на сопствената анализа, предвидувала евентуално затворање на српско-унгарската граница, како оправдување за следното сценарио, кое тие го барале, но не го добија:
“Најлошото сценарио: Границите се затворени и 30.000 бегалци остануваат во земјата, очајни да заминат. Земјата е во политичка криза, а изборите се закажани за април 2016 година. Со приближувањето на зимската сезона, многу е веројатно дека предизвиците за задоволување на потребите на бегалците ќе се зголемат “.
Со други зборови, УНХЦР работеле во создавањето на “мигрантски балон” во Македонија, со цел земјата да стане полупротекторат. Сепак, тие беа надмудрени, исто како и ЕУ и останати со непријателски намери, кога во Македонија почна да се гради ограда на грчката граница. Наместо тоа, мигрантскиот балон се формираше во Грција.
Планерите на УНХЦР знаеја дека нивната анализа е погрешна. Тие признаа дека “обично планерите го избираат најверојатното сценарио”. Сепак, ги користеа горенаведените причини (меѓу другото) за да извршат максимална акција. Тешко е да се каже дали нивната анализа била заснована на незнаење или едноставна алчност, но секој кој има барем и локално знаење за овие проблеми, му е јасно дека некои од нивните заклучоци се апсурдни.“
„Аналисис“ оди дотаму што објавува што се било на „Листата на желби“ на УНХЦР: Улоги на граничната контрола, преселување на мигранти и многу пари.
„По објавувањето на сопствениот план на владата за тоа како ќе се справува со кризата, нацрт-документот на УНХЦР додаде свои, многу поамбициозни планови. Колку што знаеме, општата јавност воопшто не беше информирана за плановите што ОН ги имаа за нивната земја во 2015 година.
Сепак, некои од овие предлози се спроведуваат во Грција и во други земји. Но, обидот и за нешто слично на локално ниво би било крајно опасно за македонската безбедност.
Така, во делот на документот “Шелтер и Изградба на место”, УНХЦР ги набројува своите цели, дури дава и конкретни примери за тоа што е нивната намена во Македонија:
-Помагање на нови пристигнувачи во изнајмувањето на шелтер засолништа;
-Заштита на ранливите бегалци од иселување од изнајмените засолништа (видете ги критериумите за ранливост);
-Зголемување на абсорбирачкиот капацитет на семејствата домаќини преку распределба на материјали од шелтер засолништвата.
-Концептот за давање на слободни апартмани за економски мигранти (и со “заштита од нивно иселување” што не му е дозволено дури ни на локалното население) укажува дека ООН не само што сакала привремено да прими мигранти во кампови сѐ додека трае кризата. Туку, тоа беше план многу повеќе сличен на неуспешниот “интегративен” експеримент на Меркел. Сепак, сонот на ОН за социјалниот инженеринг, како што е потврдено со документот, оди уште подалеку со следниот “пример”:
-Дистрибуирање 75 американски долари (еднаш) на сите новодојдени семејства на патните станици;
-Идентификување на ранливите бегалци кои се изложени на ризик од иселување;
-Дистрибуирање 75 американски долари месечно на ранливи бегалци во шелтер центрите;
-Да се идентификуваат семејствата кои имаат потреба од засолниште;
-Дистрибуирање комплети со материјални добра за да се споделуваат на семејствата;
-Сите 50.000 нови пристигнувања (10.000 семејства) да бидат заштитени во урбаните региони по нивното пристигнување, користејќи паричен надоместок за засолниште;
-10.000 ранливи баратели на азил (2.000 семејства) да не се иселени од своите рентал засолништа;
-5.000 семејства-домаќини да ги засолнат бегалците во согласност со минималните стандарди.
Најшокантниот дел од планот на ОН, се разбира, е последниот предлог дека мигрантите ќе живеат со “семејства домаќини”. Ова не е Мировен корпус за кој што зборуваме овде. Во семејно- конзервативно општество, би било тешко да се помисли дека многу луѓе би биле подготвени да ги отворат своите домови за случајни економски мигранти од Третиот свет; дека ваквата идеја може дури и да се стави во нацртот на документот, покажува колку лево отишле Обединетите нации, и колку се сигурни дека можат да се извлечат во непознати и “експериментални” земји како Македонија, стои во заклучокот од анализата на Аналисис.
Тие велат на крајот, дека е веројатно ако се појави нова мигрантска криза, “решенијата” на УНХЦР од 2015 година ќе бидат преиспитани и ќе имаат повеќе официјална поддршка во Македонија.