Ајакс вечерва го приреди најголемото изненадување во Лигата на шампионите победувајќи го домаќинот во Торино со 1:2. Заедно со нерешенениот резултат од Амстердам во првиот натпревар (1:1) го исфрли Јувентус од натамошното натпреварување.

Реваншот не започна лошо за Јувентус. По само 28 минути игра, на додавање на Пјаниќ, Роналдо постигна гол за водство на домаќинот и тогаш многумина веќе го видоа тимот од Торино во следното коло.

Сепак, Ајакс по само 6 минути, во 34 тата изедначи преку Ван де Бек. Резултатот беше идентичен на тој од првиот натпревар, но малку кој веруваше дека Јувентус нема да постигне и втор гол.

Во продолжението се случи обратното. Во 67 минута Де Лит му донесе водство на Ајакс од 2:1, а Јувентус имаше на располагање 23 минути за да постигне два гола. Не успеа да постигне ниту еден, и на тој начин се прости од натамошното натпреварување во ЛШ, што се смета за едно до најголемите изненадувања досега.