Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е можно пред Божиќ да се распише гласање за доверба на Владата во Бундестагот.
– За мене нема никаков проблем да свикам гласање за доверба пред Божиќ, ако сите се согласат, наведе Шолц.
Тој првично најави гласање во јануари, но тоа предизвика жестока дебата особено од конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), која бара побрзо гласање за доверба на Владата.
фото: ЕПА