Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа изјави дека би можело да има смисла продолжувањето на векот на траењето на трите преостанати нуклеарни реактори во земјата и по крајот на тековната година.
Опозициските лидери и Слободните демократи како најмала партија во коалициската влада на Шолц, се повеќе заговараат преиспитување на одлуката во декември оваа година да се исклучат последните нуклеарни реактори во Германија, бидејќи се повеќе расте загриженоста од енергетска криза како последица на намалувањето на испораките гас од Русија.
Идејата за продолжување на работењето на нуклеарните централи е незгодна за социјалдемократите на Шолц, а особено за еколошките Зелени како трета партија во неговата влада.