Американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер доби девет години затворска казна за шверц на дрога, одлучи Судот во Русија, според кој, таа намерно донела масло од канабис во Русија кога дошла да му се придружи на нејзиниот тим во земјата.

Претседателот на САД Џо Бајден изјави: „Уште еден потсетник за она што светот веќе го знаеше: Русија греши што ја става Бритни во притовор. Тоа е неприфатливо и ја повикувам Русија веднаш да ја ослободи.

Кошаркарката која има 31 година треба да плати и казна од 1 милион рубљи (16.300 долари), одлучи Судот. Таа во Русија игра за тимот на УММЦ во Екатеринбург од 2014 година.Бајден денеска изјави дека пресудата на рускиот суд против американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор под обвинение за поседување дрога во Русија е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

„Денеска, американската државјанка Бритни Грајнер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни“, нагласи Бајден во изјавата.

Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Грајнер, „за да може да биде со партнерот, саканите, пријателите и соиграчите“.