Најмалку 11 ракетни проектили биле испукани од Кина кон Тајван и паднале во водите во тајванскиот теснец. Тајванските власти потврдија дека проектилите завршиле во морето и дека „не посакуваат војна, но се подготвени”.

Во меѓувреме поради воената вежба на кинеската армија придружена од воени летови, над 40 цивилни летови од Тајван се откажани. Во исто време тајванската влада соопшти дека веб сајтовите на официјален Тајпеј како и компјутерски системи се под силен информатичко-хакерски напад за што преземаат одбранбени мерки.

The PLA began a three-day exercise around Taiwan.#China #Taiwan pic.twitter.com/FyTJkPNSF1

— 301 Military (@301military) August 4, 2022

Кина потврди дека се користени ракети во воената вежба. Станува збор за проектили од типот “Донгфенг” кои биле истрелани во правец на кинескиот остров Матсу кои се дел од територија на вежбата на кинеската армија.

Ракетирањето во неколку бранови траело два часа. На кинеските социјални мрежи е објавено видео најверојатно од плажите на Танан заливот во источна Кина. Засега видеата објавени на социјалните мрежи никој не ги потврди од официјалните власти во двете земји.

BREAKING NEWS : #China‘s military fires PCL 191 ballistic missiles (MLRS) across #Taiwan Strait. pic.twitter.com/t9aAHGFTAH

— World Military News (@Military_News4) August 4, 2022