Не смее да има наметнат мир во Украина, а какво било решение на конфликтот таму мора да ги вклучи САД, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во денеска објавено интервју за „Политико“.

„Целосно ми е јасно дека не смее да има решение кое не ги вклучува САД. Следната задача е да се обезбеди дека нема да има наметнат мир“, рече Шолц.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера телефонски разговараше за војната во Украина со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а засега не е јасно дали интервјуто со Шолц е направено пред или по разговорите на Трамп.

Фото: МИА архива