Промена на режимот во Русија не е цел на НАТО и покрај руската инвазија на Украина, подвлече синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц.
-Промената на режимот во Русија не е цел на НАТО или на американскиот претседател, изјави канцеларот на германскиот јавен канал АРД.
„Имав можност опширно да разговарам со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа, а разговаравме и за овие прашања“, додаде тој.
Бајден завчера во Варшава кажа дека неговиот руски колега Владимир Путин „не треба да остане на власт“, а Белата куќа веднаш увери дека Бајден не повикал на „промена на режимот“ во Москва.
-Демократијата, слободата и правото имаат иднина насекаде, и јас сметам на длабоката желба што ја имаме како луѓе да живееме во демократија, објасни Шолц, додавајќи дека „меѓутоа, на луѓето и на нациите е да се борат за таа слобода”.
„Она што треба да го гарантираме е дека нема повреда на интегритетот и суверенитетот на државите“, наведе Шолц.
На прашањето за испораките на оружје од Германија, кои Киев ги смета за недоволни, канцеларот одговори дека тие прават се што е во нивна моќ.
Според него, оружјето што Западот веќе го испорача овозможило „значителни успеси“.