Актерот Шон Пен (60), соопшти дека одбива да се врати на снимањето на серијата „Gaslit“, доколку неговите колеги актери и целата останата екипа на телевизискиот проект не се вакцинира.

Причина за ваквата одлука на актерот лежи во зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Лос Анџелес, што според него би требало да ги поттикне актерите да ја сфатат важноста на колективниот имунитет и да ја примат вакцината против Ковид-19. Тој исто така вели дека не е задоволен од барањата поврзани со вакцинацијата кои ги поставила продукцијата која ја подготвува серијата, НБЦУниверсал.

Во Лос Анџелес властите ја вратија мерката за задолжително носење маски во затворени простори, токму поради растот на бројот на нови случаи.

Славниот актер во сооопштението додаде дека неговата организација „CORE“ ќе им обезбеди бесплатни вакцини на сите членови на екипата на серијата кои ќе сакаат да се имунизираат.