Џенифер Лопез, пред целиот свет, се пофали со своето заносно тело, а потоа и со своето ново/старо момче Бен Афлек.

Се чини дека причината е многу јасна овој пат, бидејќи за прв пат на Твитер, Џенифер објави фотографии од неа и актерот во прегратка како разменуваат страствени бакнежи на јахтата.

Тоа таа го стори за нејзиниот 52 роденден, и најде начин да ја израдува јавноста и да покаже дека е повеќе од вљубена.

Веста за нивната врска ја изненади јавноста бидејќи ништо не сугерираше дека поранешните свршеници можат да се смират откако ја раскинаа свршувачката пред 17 години.

Бен и Џенифер започнаа врска уште во 2002 година, потоа се свршија и требаше да се венчаат во септември 2003 година. Но, раскинаа на почетокот на 2004 година.