Шпанските власти се против трговска војна со САД, нагласи шпанскиот премиер Педро Санчез на заедничка прес конференција во Мадрид со францускиот претседател Емануел Макрон.
– Шпанската Влада не верува во потезите со кои се воведуваат свои критериуми и политики. Ние не сакаме трговска војна- изјави Санчез.
Тој ја повика американската администрација да ги укине царините за европските стоки.
Макрон и Санчез се согласиле дека миграцијата е глобален предизвик. За нив, миграциската политика треба да се заснова на почитување на правата на човекот и дека е важно да се соработува со транзитните држави и со државите од каде доаѓаат мигрантите.