Репрезентацијата на Шпанија славеше победа со 1-0 во дербито против Италија во второто коло на Европското првенство и така го обезбеди својот пласман во осминафиналето.

Доминираше Шпанија од почетокот до крајот на натпреварот, меѓутоа натпреварот го одлучи еден гол и тоа автогол. Шпанија беше подобар противник, Италија тешко излегуваше од својата половина и во првото полувреме успеа да ја зачува својата мрежа.

Најголемота шанса за Шпанците во првото полувреме ја пропушти Вилијамс кога со глава од неколку метри шутираше покрај голот.