Крилото на Бетис, Хоакин Санчес, постави нов клупски рекорд по бројот на одиграни првенствени натпревари во дресот на „зелено-белиот“ тим од Севилја.

Хоакин синоќа против Осасуна го одигра својот 308-ми меч за Бетис во првата шпанска лига, и со тоа го надмина Хулио Кардењоса, кој од 1974 до 1985 година играше за овој клуб и настапи на 307 средби.

Инаку, ако се сметаат сите мечеви кои Хоакин ги одиграл во шпанската Примера, бидејќи беше член и на Валенсија и на Малага, тој зад себе има 523 настапи, со што е петти на вечната листа, и му фалат 28 натпревари за да дојде до второто мест