Поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот во Велика Британија, Шпанија повторно ќе бара негативен ПЦР-тест од британските туристи кои сакаат да влезат во земјата, а Португалија одлучи да бара од Британците да се вакцинираат или ќе мора да одат во карантин.
Одлуката беше донесена откако Лондон ги вклучи Балеарските Острови на „зелена листа“ на безбедни дестинации, што значи дека од среда Британците ќе бидат ослободени од карантин по враќањето од тој архипелаг.
Ова значи дека може да се очекува бум на британски резервации на Балеарите. Во 2019 година таму летуваа 3,7 милиони Британци од вкупно 13,7 милиони странски туристи.
Бидејќи тоа е единствениот шпански регион на „зелената листа“, Британците кои ќе ги посетат другите делови на Шпанија ќе мора да бидат во карантин по враќањето во својата татковина.
Предупредување за „негативниот развој на настаните“ во здравствената состојба во Велика Британија поради Делта варијантата на вирусот, шпанскиот премиер Педро Санчез за шпанското радио Кадена Сер денеска изјави дека британските туристи кои доаѓаат на одмор на Балеарските Острови, ќе мора да бидат „целосно вакцинирани или со негативен ПЦР-тест.
Одлуката стапува на сила во рок од 72 часа.
„Новите правила ќе важат за сите британски туристи кои сакаат да посетат кој било шпански регион“, напиша на Твитер министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја.
Во 2019 година, 18 милиони Британци ја посетија Шпанија.
Британците кои сакаат да ја посетат Португалија ќе мора да поминат двонеделен карантин, доколку немаат доказ дека биле целосно вакцинирани на две недели пред пристигнувањето.
Правилото стапува на сила на полноќ.