Шпанската влада денеска понуди да биде да биде посредник во кризата меѓу Венецуела и САД по американските воздушни напади и објавата на претседателот Доналд Трамп дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро е заробен и изнесен од земјата.
– Шпанија повикува на деескалација и воздржаност“, се вели во соопштението на шпанското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека „во овој контекст, е подготвена да ги понуди своите услуги за постигнување мирно и преговарачко решение за сегашната криза“, пренесува БТА.
Во исто време, министерството потсетува дека Шпанија „не ги призна резултатите од претседателските избори во Венецуела одржани на 28 јули 2024 година. Во тоа време, според венецуелските власти, изборите ги доби Николас Мадуро, но овој резултат е оспорен од опозицијата, која смета дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалез Урутија победил. Потоа тој отиде во егзил во Шпанија.
Германското Министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека со голема загриженост ја следи ситуацијата во Венецуела. Берлин е во близок контакт со германската амбасада во Каракас.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, исто така, објави дека Рим го следи развојот на ситуацијата во Венецуела, фокусирајќи се особено на италијанската заедница во таа земја, објавија аганцијата АНСА.
Според податоците од Италијанската амбасада во Каракас, во Венецуела има околу 160.000 Италијанци, од кои повеќето имаат двојно државјанство.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони внимателно ги следи случувањата во Венецуела, рече Тајани.
Белгискиот вицепремиер и министер за надворешни работи Максим Превост изјави Белгија се координираше со европските партнери за ситуацијата во Венецуела, која внимателно ја следеше.
ФОТО: Free stock photo




