Шпанија ја совлада Италија со 2:1 во полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА.
Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Сан Сиро“ во Милано. Головите за гостите ги постигна Феран Торес во првото полувреме, Лоренцо Пелегрини во 83.минута ги постави конечните 2:1.
Италија од 42. минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Леонардо Бонучи.
Вториот финалист ќе биде одреден по натпреварот Белгија – Франција. Овој дуел се игра вечер од 20:45 часот во Торино на стадионот на Јувентус.
Тимот што загуби ќе игра со Италија за третото место.