Повеќе од 20.000 луѓе меѓусебно се гаѓаа со домати низ улиците на шпанскиот град Бунол, учествувајќи на годинешниот фестивал „Томатина“.

Околу 145 тони домати се потрошени во текот на уличните борби, што е главна туристичка атракција на овој град.

Шест камиони пристигнале со домати, а учесниците морале да носат очила за пливање за да ги заштитат очите.

Веднаш по борбите организаторите ги измиле улиците, а за учесниците биле обезбедени јавни тушеви.