Шпанскиот премиер Педро Санчез може да биде принуден да распише предвремени општи избори, доколку каталонските сепаратисти го отфрлат, како и што се очекува, буџетот за 2019 година, предложен од неговата малцинска влада во текот на дебатата што почнува денеска.
По пропаѓањето на преговорите со Владата во Мадрид, каталонските сепаратистичките пратеници се очекува да им се придружат на шпанските десничари во гласањето против владиниот план за јавни трошоци.
Санчез стана премиер минатата година, кога каталонските сепаратисти ја поддржаа партијата Подемос, која се спротивстави на владините мерки за штедење, и другите помали партии, во гласањето недоверба на Владата на неговиот конзервативен претходник Маријано Рахој.
Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) на Рахој има 84 места во Долниот дом на шпанскиот Парламент, кој го сочинуваат 350 пратеници.
Преговорите со новата сепаратистичка коалиција која ја има власта во Каталонија пропаднаа минатата недела, кога Владата на Санчез одби да прифати разговори за самоопределување на Каталонија.