Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес, предложи нова шема за националниот Супер куп.

Тој сака „Фајнл фор“ формат на кој покрај шампионот во Примера и победникот на купот, ќе играат и финалистот на националниот куп со вице-шампион.

– На следниот состанок на федерацијата ќе го претставам промената на моделот за Супер купот, така што во завршницата ќе играат четири екипи. Ќе учествуваат и финалисти на шпанскиот куп и на првенството. Ние сме сигурни дека сликата на Шпанија не е претставена од само два клуба. Ова го проширува опсегот на конкуренција. Ќе има полуфинале и финале. Сè ќе потрае четири до пет дена, за разлика од сегашната шема со два финални натпревара, дома и надвор, изјави Рубиалес.