Безбедносните сили на Шри Ланка најдоа 15 тела, меѓу кои и шест деца, во скривалиштето на екстремистите кои ги активирале бомбите за време на полициската рација.

Полицијата дејствуваше по анонимнадојава дека екстремистите поврзани со напади врз цркви и хотели во Шри Ланка, во кои загинаа најмалку 253 лица, се кријат во скривалиште во градот Самантураи.

Според портпарол на полицијата, екстремистите отвориле оган врз полицијата, а потоа активирале три бомби. Ја запалиле облеката, како и знамиња на Исламската држава. Пронајдени се и дронови, околу 150 експлозивни прачки и 100.000 „железни топки” и најмалку еден експлозивен елек.