Јасна е поврзаноста помеѓу Зоран Заев и Андреј Рајчев, инаку човекот кој е прв иницијатор и двигател на проектот за Бугарски универзитет во Скопје, но сепак граѓаните точно знаат кои луѓе се директно одговорни за мракот кој ја зафати Република Македонија изминатите пет години, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ за нивниот „сјаен рејтинг“ на акнкета кои сами вчера признаваа дека ја откупиле.
-СДСМ наместо да се радува на штелувани анкети од Андреј Рајчев, нека почне да се соочува со реалноста дека во октомври ги очекува страшен дебакл. СДСМ како партија на власт речиси пет години, падна на тоа ниво да потплаќа за измислени анкети, само да го задоволи сопственото членство кое не верува во политиките на Заев. Јасна е поврзаноста помеѓу Зоран Заев и Андреј Рајчев, инаку човекот кој е прв иницијатор и двигател на проектот за Бугарски универзитет во Скопје, но сепак граѓаните точно знаат кои луѓе се директно одговорни за мракот кој ја зафати Република Македонија изминатите пет години. Кога еден Андреј Рајчев, Бугарин кој ги има најрадикалните ставови во однос на Република Македонија шурува со Зоран Заев, тогаш јасно е дека Заев е спремен да му овозможи се што не можат ниту бугарските политичари. Токму оттука произлегува и оваа штелувана анкета, која што не им западна во око ниту на најтврдокорните во СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев, се додава натаму во сооопштението од опозициската партија, иако на неколку пати велеше дека ќе ја поддржи Резолуцијата, сега гледаме зошто всушност не сака да се изгласа.
-Тој е директен противник и негатор на македонската нација и македонскиот јазик. Граѓаните на Република Македонија точно знаат кои луѓе ја растураат и ништожат државата, а кои ќе ја застанат на нозе и ќе ја направат повторно достоинствена и горда држава. Уште само три месеци, а потоа СДСМ и Зоран Заев ќе се соочат со болната вистина дека започнува нивниот пад. На 17-ти октомври, анкетите ќе покажат нешто сосема поинакво, а тоа е победа на ВМРО-ДПМНЕ. Време е за Македонија за сите луѓе!- се вели во реакцијата.
Вчера, како што објавивме, СДСМ во нивното соопштение за анкетата призна дека тие ја откупиле за нивни потреби.