Сите патнички летови од берлинскиот аеродром Бранденбург денеска се откажани или пренасочени поради еднодневниот штрајк на работниците, јави германската новинска агенција ДПА.
Откажани се околу 300 летови и се презакажани за утре, а дел од патниците се упатени на аеродромите во Дрезден и во Лајпциг.
Штрајкот на аеродромските работници, безбедносниот персонал и персоналот на земјата е во организација на синдикатот Верди.
Се очекува прекинот на работата да влијае на противпожарната бригада на аеродромот, операциите за полнење гориво, ракувањето со багажот и шалтерите за пријавување на патници.
Синдикатот бара зголемување на месечните плати од 500 евра.