Во германската покраина Бранденбург вчера изби пожар што уништи површина од 300 до 800 хектари земјоделско земјиште и шума.

Поради огнот околу 600 луѓе од неколку села мораат да ги напуштат своите домови.

Портпаролот на противпожарната служба утрово изјави дека ситуацијата е многу тензична и оти за справување со огнената стихија од германската армија побарани се хеликоптери.

Голем пожар е активен и во Саксонија, а ветерот го отежнува гаснењето на огнот што се шири во националниот парк „Саксонска Швајцарија“.

Во акцијата за гаснење се повредени седум пожарникари.