Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон денеска ќе побара широка поддршка на Парламентот за поднесување барање за членство во НАТО, откако нејзината партија објави дека поддржува влез во Алијансата.
Владеачките социјалдемократки во текот на вчерашниот ден информираа дека поддржуваат влез на земјата во НАТО, прекинувајќи го децениското противење на овој потег, по руската инвазија на Украина. Во Парламентот се создаде големо мнозинство во корист на членството.
– Ќе се уверам дека постои широка парламентарна поддршка во Риксдагот за шведското барање за членство, а потоа ќе бидеме подготвени да донесеме владина одлука, изјави Андерсон на прес-конференција.
Таа нагласи дека заедничка кандидатура со Финска, е најдобра за Шведска и нејзината безбедност.
Финска вчера соопшти оти ќе поднесе барање за членство во Алијансата.