Илјадници вооружени екстремисти поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп прават заговор да го опколат американскиот Капитол пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, јави Си-Ен-Ен кој се повикува на член на Конгресот.

Изјавата ја даде конгресмен кој бил меѓу лицата од Конгресот кои вчера биле информирани за низата нови закани против конгресмените и Капитол.

– Тие зборуваа за 4.000 вооружени „патриоти“ кои имаат намера да го опколат Капитол и да спречат влегување на кој било демократ. Тие објавија правила за ангажман, што значи кога пукаш и кога не. Таа организирана група има план. Тие се посветени на тоа што го прават затоа што мислам дека во нивните умови, тие се патриоти и зборуваат за 1776 година и сега ова е некаков натпревар. Ние не преговараме со овие луѓе, изјави републиканецот Конор Ламб од Пенсилванија

Според него, тие мора да бидат под истрага и да бидат запрени.

– И, за жал, тоа го вклучува и претседателот, и поради тоа тој треба да биде отповикан и отстранет од функцијата, рече Ламб.

ФБИ објави претходно предупредување за „вооружени протести“ што се планираат во сите 50 главни градови низ САД и во Вашингтон и поради тоа е зголемена состојбата на тревога кај пратениците и службениците за спроведување на законот по упадот на Капитол минатата недела, кога имаше загинати и повредени.