Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин денеска се очекува да имаат телефонски разговор, јави Си-Ен-Ен-Турк.
Предвидено е двајцата да разговараат за повеќе прашања, вклучувајќи ја и можноста за продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа.
Минатиот месец Москва го суспендираше учеството во договорот за жито.
Се очекува денеска Ердоган и Путин да разговараат и за плановите за создавање гасен центар во Турција, како и да разговараат за напорите за постигнување трајно примирје во војната меѓу Русија и Украина.
Се очекува двајцата лидери да разговараат за можноста за посета на Путин на Турција.