Убиени се најмалку 353 деца во Украина, а повредени се над 665 млади лица, како резултат на руската инвазија, соопшти денеска украинското Обвинителство за малолетници, јави Си-ен-ен.
Најмногу повредени се регистрирани во Доњецк, Харков и во Киев, наведуваат оттаму.
Како што пишува во соопштението, најмалку 2.138 образовни институции се оштетени, од нив 221 се апсолутно уништени.