Шефот на дипломатијата на Унгарија Петер Сијарто, изјави дека повеќето западноевропски компании кои увезуваат гас од Русија во ЕУ го плаќаат во рубљи, во согласност со барањата на Москва и добавувачите, а не само Унгарија.

Сијарто ова го изјави реагирајќи на написите дека Унгарија ја нарушува заедничката европска позиција со тоа што се согласи на таква трансакција.

– Не е точно дека другите го отфрлија ова, тие се само помалку отворени по однос на ова прашање. Компаниите кои увезуваат природен гас од Русија отвораат сметки во Гаспромбанк, што не е предмет на санкции, рече Сијарто за време на посетата на унгарското малцинство во Словенија.