Шансите за постигнување мир се многу поголеми преку преговори, повторно отворање на дипломатските канали и дијалог отколку со испорака на оружје, санкции и стратегија заснована на отфрлање на дипломатијата, изјави вчера шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Како што пренесе Еуроњуз, тој за унгарското јавно радио додаде дека сега на сите им е јасно дека стратегијата на Европа и САД во изминатите две и пол години војна во Украина не дала резултати, иако западните политичари не сакаат тоа јавно да го признаат бидејќи тоа би значело признавање на поразот.
– Санкциите беа пукање во стапало, па во колено, па во гради за европската економија, додека испораките на европско и американско оружје не ја променија ситуацијата на бојното поле и не ја доближија војната до крајот, рече Сијарто.
Фото: Фејсбук