Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто рече дека светот не се состои само од Америка и Европа и дека земјите од Истокот станале двигател на економските промени во светот.
– Потребно е да се признае дека оваа светска криза уште посилно потврди дека ветровите на големите промени во светската економија денес недвосмислено дуваат од исток. Ситуацијата е таква што спојувањето на западната и кинеската економија е факт, рече Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија посочи дека на либералната политика ѝ недостига почит кон другите земји и дека унгарската политика се заснова на почитување е ценета во повеќето земји.