Унгарија ќе се повлече од договорот на Обединети нации за миграција пред неговото конечно усвојување, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, додавајќи оти договорот претставува „закана по светот“.
– Тој документ е целосно против безбедносните интереси на Унгарија, посочи Сијарто.
Договорот треба да биде усвоен во декамври, но Сијарто наведе дека Унгарија нема да учествува на состанокот во Мароко.
Тој истакна и дека за договорот треба да се гласа во Генералното собрание на ОН