Американскиот претседател иронизираше со обврската на САД да бранат други земји, члнки на НАТО.

Тој истакна дека ангажманот на САД за одбрана на некоја мала земја како Црна Гора може да доведе до Трета светска војна.

Во интервју за Фокс њуз по средбата со Путин, Трамп зборуваше за функционирањето и финансирањето на западниот воен сојуз.

На прашањето на новинарот зошто неговиот син би ги бранел други членки, на пример, Црна Гора, Трамп рекол дека и тој си го поставува истото прашање.

„Црна Гора е мала држава со многу снажни луѓе. Тие се многу агресивни или можеби ќе станат агресивни и честитам – ние сме во Третата светска војна!“, навел Трамп.

Тој додал дека сфаќа дека тоа е начинот на кој работите се поставени и потсетил дека дошол на функцијата пред само година и пол, но веќе обезбедил дополнително финасирање на НАТО.

„Реков – морате да платите!“