Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека лидерите на западноевропските земји треба да признаат дека нивната воена стратегија во Украина е неуспешна и дека тоа создава ризик од нова светска војна.
Тој на Фејсбук напиша дека ситуацијата во Европа е „критична“, и дека заканата од избувнување на светска војна е „сè поакутна“.
„Лидерите на Западна Европа треба да признаат дека нивната воена стратегија во Украина е неуспешна и дека прекин на огнот одамна ќе беше постигнат доколку вложеа барем половина од своите напори во воспоставување мир, а не во снабдување на Украина со оружје“, изјави шефот на унгарската дипломатија.