Денеска според календарот на МПЦ е Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник.

Сите овие беа од редот на 70-те апостоли. Сила му беше сопатник на апостолот Павле. Подоцна стана епископ на Коринт, каде и го заврши земниот живот во мир. Силуан, пак, беше солунски епископ, Крискент епископ во Галатија, Епенет во Картагина, а Андроник во Панонија.

Според католичкиот календар денеска е Благословен Иноцент Деветти.

Бил роден во Италија во 17 век. Завршил правни науки во Неапол и станал доктор по право. Се одлучил да стане свештеник. На 34-годишна возраст станал кардинал. Им помагал на сиромашните. Се борел за правата на црквата против француските кралеви кои се мешале во црквените работи. Исто така, тој му помогнал и на полскиот крал Јан Собиески во одбрана на Виена и Европа од нападите на Турците.

Протестантските теолози го нарекувале побожен папа.