Во натпревар со седум постигнати голови, Силекс попладнево во Кратово го совлада Работнички со 4:3.

Домашни победи на неделните средби од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига забележаа и Борец и Струга, додека Шкупи ги освои бодовите на гости против Академија Пандев.

Резултати:
Академија Пандев – Шкупи 0:1
Борец – Македонија ЃП 2:1
Ренова – Пелистер 0:0
Силекс – Работнички 4:3
Струга Трим Лум – Беласица 3:0.

Вчера Вардар – Шкендија 1:5.

Табела: Шкендија 21 бод, Шкупи 19, Македонија ЃП 16, Борец 15, Силекс 14, Струга 14, Работнички 11, Пелистер 11, Вардар 11, Ренова 7, Академија Пандев 7, Беласица 1. зс/