Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди брегот во местото Брум во Австралија, соопшти денеска американскиот Геолошки завод.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е објавено предупредување од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 33 километри под површина на земјата.