Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Шикоку во Јапонија.

Земјотресот е регистриран во 16:14 часот на 17 километри од Уваџима на длабочина од 26 километри, јавува ЕМСЦ.

Исклучително силен земјотрес беше почувствуван на широк простор на западна Јапонија, со епицентар во каналот Бунго, теснецот што ги дели јапонските острови Кјушу и Шикоку.

Според веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот „траел десет секунди, но не бил почувствуван толку силно“.

Нема предупредувања за опасност од цунами или уништување поради земјотрес, а засега нема информации за жртви или материјална штета.

Во истото подрачје само десет минути подоцна е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,3 степени, а потоа и неколку послаби, објавено е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).