Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре – 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.

Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка.

Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.