Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, по повод Велики Петок рече дека сите носиме крст на плеќите во оваа македонска Голгота, но оти таа се чувствува како да го носи најтешкиот.
„Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род.
Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота.
Јас во моментов се чувствувам како да го носам најтешкиот крст.
По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на парвото.
Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото!’“