Гордана СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА
Пржински автократски акробации
Без да сакаме, гледаме НЕДЕМОКРАТСКА И НЕПАРЛАМЕНТАРНА траги-комедија, трагедија за демократијата и правото, комедија за гледачите на „Пржинскиот политички театар“ на апсурдот. Ке ги потсетат ли ТВОРЦИТЕ на уникатниот западно-балкански „Пржино влада“ проект политичкиве глумци од Пржинскиот театар дека се ТЕХНИЧКА ВЛАДА ?
Ќе и објасни ли некој/некоја кој(а) знае на ТЕХНИЧКАВА дружина, во која доминираат ШЕФИЦИ на кабинети, наместо експерти дека има строго наменска улога: во амбиент на своевидно стодневно ДВОВЛАСТИЕ, преку тесна соработка со претставниците на опозицијата, со натполитички напори за градење доверба, да создаде минимум услови за фер и демократски избори, кои што БИ БИЛЕ НЕВОЗМОЖНИ, ако останеше старата влада.
Наместо г-динот Спасовски да си ја игра улогата на ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР НА ПРЖИНСКАТА ВЛАДА, наместо сите стари и нови министерки и министри, сто дена ЗАЕДНО, правно и институционално да го го преуредат РЕКЕТИРАНИОТ ПОЛИТИЧКИ ДВОР во пристојна политичка градина, ТИЕ ГЛУМАТ СУПЕР „ФРАНКЕШТАЈН ВЛАДА“. Ги упатувам на делот од Законот за владата, насловен како „ ИЗБОРИ ЗА ВЛАДА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ“, согласно кој, нивниот политички маневарски простор се движи меѓу членовите 43 – 51!
ГОСПОДА , „ПРЖИНСКИ ГЛУМЦИ“, почитувани ГЛЕДАЧИ на „ Пржинскиот театар“, ПРЖИНСКАТА ВЛАДА, како техничка, има не само ПОСРЕДЕН и ПРЕОДЕН, ТУКУ И ОГРАНИЧЕН, односно ФУНКЦИОНАЛЕН ЛЕГИТИМИТЕТ, строго насочен кон организирање и овозможување фер и демократски парламентарни избори.
Техничкава влада НЕ ТРЕБА да ПРЕДЛАГА, ниту да менува закони, надвор од конкретните овластувања. Техничкиот премиер има спорен легитимитет ДА ПРЕДЛАГА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МИНИСТРИ, врз основа на СМЕШНО обвинување за кршење на Уставот, небаре е Уставен суд, што е можно само во авторитарен режим. Техничката влада не може да поништува акти за кои што се надлежни техничките министри или дополнителните заменици министри.
ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР, кој во компаративни искуства е редовно НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ, не СМЕЕ да глуми ПАРА /КВАЗИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, тврдејќи дека НЕМА ДА ДОЗВОЛИ РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО ДОДЕКА НЕ СЕ ИСПОЛНЕЛЕ „ ПРИОРИТЕТИТЕ“, опасно кршејќи го начелото на поделба на власта!
Ме чуди молкот на втората глава на извршната власт. Што стана со договорот кај него?
Ме чуди молкот на на претставницитете на Европската комисија, па и на вообичаено гласните амбасадори за Rule of Law. Зошто се толерира Rule of Man?