Седницата за законот за ЈО денеска ја одбележа и говорот на Антонио Милошоски во кој беше прозван еден од „независните“, Крсто Мукоски.

Милошоски го посочи пратеникот како пример како Зоран Заев преговарал за донесување на закони, одноно дека Мукоски преу ноќ од терорист и криминалец, откко гласал за Договорот од Преспа веќе не бил тоа и добивал тендери од Владата.

-Го нарекуваа терорист. Не знам дали го смениле мислењето, но очигледно е дека тендерите се поважни од употребата на Јавното обвинителство, на селективен начин. Дел од луѓето на кои тој им ја отвори вратата се во затвор и нивните деца немаат татко како што неговите имаат. Затоа Мукоски одлучи да ги изневери граѓаните кои го гласале, рече Милошоски.

Антонио Милошоски откако не доби дозвола од спикерот Џафери да пука нова бомба за Заев изнезе нови информации поврзани со 1ТВ, Крсто Мукоски, како и со локалните избори.

Според пратеникот, Зоран Заев експлицитно кажува дека е свесен за финансирањето на 1ТВ на Бојан Јовановски кој е без трансакциска сметка што е прење пари.Заев експлицитно кажува дека знае  за префрлените пари од Сиљан Мицевски за т.н старечки домови кои што никој не ги видел што е исто така перење на пари и корупција и непријавува.

Тој знае дека Заев дека бил целосно во тек со аферата Рекет и бил помагател се до кога јавноста известена од еден домашен и од странски новинар не открија дека до таа мера е замешана во Рекет за да мора Заев да се вади дека го пријавил случајот а од пријавата нема ниту еден записник.

Милошоски проговори и за лицето Милевка и за тоа како Вице Заев праќа порака за време на локалните избори во кое вели дека имаме 35 лични карти од лица од ромска националност.„Работата не е завршена, таа работа треба да ја заврши Милевка од Радовиш“-стои во пораката.

Така постапувале, така и ќе постапуваат. Законот за јавно обвинителство им треба за да не одговараат, додаде Милошоски.

 

Пратеникот се осврна и на Крсто Муковски, кои од страна на владејачката партија во 2017. година беше обвинет дека е вмешан во криминал со неговата фирма за изградба на стадион во Скопје.СДСМ веќе не обвинува, СДСМ дава тендери. Денеска фирмата на Крсто Муковски – и на неговата блиска фамилија, неговиот брат – има добиено тендери во износ од 4 милиони евра во последните две години – образложи Милошоски, додавајќи дека тој никогаш не го нарекол Крсто Муковски терорист за разлика од пратениците на СДСМ.

На тоа му реплицираше Мукоски, кој го обвини Милошоски дека тој треба да лежи во затвор за 27 Април.

-Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ е заложник на два-тројца криминалци како вас и што се претворивте во партии како Златна Зора во Грција или радикалите на Шешељ. А фирмата постои од 1974 година, ја „тресеа“ 6 месеци УЈП и сите инспекции, и пак нека дојдат да истражуваат. А уште од самото основање, патот на партијата ВМРО-ДПМНЕ е кон ЕУ структури, ова не беше основата, изјави Муковски.