Сиљановска го потпиша Указот за законот за реорганизација на министерствата

/ 09.06.2024

Дозволете ми да Ве информирам дека го потпишав Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, што беше изгласан во Собранието вчера со 88 гласа „за“.

Во прашање е закон што се носи со двотретинско мнозинство, којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето.

Законот е реформски и со него:

● прво, ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност;

● второ, ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам);

● трето, ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства: (Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација) и

● четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата (Министерство за спорт), објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска Давкова.


Од истата категорија