Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене. Горда сум и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, без нив немаше да го запознаам народот, ниту тој мене и на коалиционите партнери… Посебно сум горда на жените во Македонија, истакна кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, дури се срамам зарем е можно толку луѓе вака да реагираат. Не мислам дека сум посебна од многу работи, само знам дека она што ќе го ветам ќе го остварам на мој начин. Во тоа ве уверувам, од првиот ден, изјави Силјановска Давкова.

-Овој резултат е неверојатно инспиративен за мене, она што го ветив, тоа и ќе го остварам, од првиот ден. Ова е крајот на првиот круг, доаѓа вториот круг, јас ќе се однесувам и во вториот круг кон оној со кој ќе треба да се натпреварувам, со должна почит. Се разбира очекувам таков однос. Не мислам дека треба да фрлиме сенка кон она што се случуваше денеска, треба да ги инспирираме граѓаните, да ги увериме дека вреди да се учествува на избори, да се чуе дека сум горда, особено на граѓаните, а без граѓани нема горда Македонија, дополни таа.

Горда сум особено на граѓаните, а без граѓани нема Македонија!