Професорката Гордана Силјановска Давкова на претседателската дебатата на Алсат телевизија истакна дека според Преспанскиот договор ќе треба да избришеме од историските учебници дека Македонците се бореле во граѓанската воја во Грција. Таа посочи дека истото ќе важи и за Албанците кои се бореле од страната на ДАГ, а како што Македонците нема да смеат да ги употребуваат македонските топоними во Грција ниту Албанците ќе смеат да ги употребуваат своите.
-Ако знаете многу албански имиња се Епир. Едно од барањата на грчкото министерство за надворешни работи е да се тргне и тоа. Исто така има проблем и со именувањата во Грција во делот што е познат како Чемерија. Исто така она што не смееме повеќе да го употребуваме, само Тесалоники, не Солун важи и за албанскиот јазик. Како се вика на албански Солун. Селаник, значи и тоа ќе биде забрането. Исто така се бара од историските читанки да се тргне дека и Албанците и Македонците учествувале во ДАГ, а учествувале. Според тоа времето ќе покажи дека има проблем, вели Силјановска.
Што се однесува до правичната застапеност, Силјановска истакна дека таа не смее да се однесува само на ентичкиот критериум туку треба да се однесува и на лицата со посебни потреби и родовата застапеност во институциите. Силјановска посочи дека токму таа во својот кабинет на правниот факултет Јустинијан Први се погрижила за правичната застапеност каде нејзиниот асистент е етнички Албанец, Денис Прешова.
-Јас за правичноста и соодветна застапеност сум се погрижила да ја применам прво на мојата катедра. Но не само раководена од припадноста етничка туку покрај стручноста и компетентноста зад себе ќе оставам и подобар професор. Сите знаат кој е не сакам да го споменувам. Второ правичната и соодветна застапеност е темелна вредност на уставниот поредок. Она што не постои во Македонија е закон за соодветна застапеност. Не можете директно да применувате во праксата темелна вредност на уставниот поредок. Значи ако нема департизација и деполитизација, правичната и соодветна застапеност ќе биде узурпирана од партиските лидери. И тогаш ниту најдобрите Албанци, ниту најдобрите Македонци ќе бидат на најдобрите позиции. По мене правичната и соодветна застапеност не смее и не може во форма на афирмативна акција да се однесува само на етничкиот критериум. Тоа е забрането во САД. Мора да се однесува и на лицата со посебни потреби, мора да се однесува и на родовата застапеност, вели Сиљановска.