Кога реков пред неколку месеци дека нема да добиеме датум за преговори во јуни, цела влада велеше ќе има датум. Сега и вицепремиерот Османи и премиерот Заев ретерираат, рече кандидатот за претседател Блерим Река кој учествуваше на четвртата дебата на претседателските кандидати која беше на телевизија АлсатМ.

-Ние немаме институционален и административен капацитет како што рече и министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски да испорачаме клучни критериуми за ЕУ зошто во последната година не сме ангажирале високи експерти и затоа ќе биде тешко да добиеме датум, рече Река.

Тој појасни „со други зборови не знам дали владата има еден или два става што се однесуваат на датумот за преговори“.

-Никогаш не сум рекол не сакам да добиеме датум туку дека не сме подготвени како Влада да ги испорачаме барањата на евроспкиот совет од минатата година, рече Река.