На синоќешниот митинг во Охрид, во својот говор Професорката Горданa Силјановска -Давкова порача:
„АСНОМ што ќе го славиме годинава, за мене ќе биде не антифашистичко, туку Антикоруптивно и антикриминално заседание на народното ослободување на Македонија од авторитарната власт“.
„Се наближува 24-ти април, а по негио 8-ми мај, дојде моментот кога сакам да ви кажам дека токму на овие датуми ќе одлучите дали Македонија, како ТВОЈА и ГОРДА, навистина ќе биде проевропска, бидејќи ако Македонија не е горда, не може да биде ниту европска држава“, рече Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на престојните претседателски избори 2024.