„Кампањата за претседателски избори ја започнувам од местото каде започна мојот живот. Со ваша помош ова ќе биде почеток на крајот на една нелегитимна и мрачна власт“, со овие зборови кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, точно на полноќ ја започна својата кампања пред родната куќа во Охрид.
Силјановска Давкова вели ека е родена во Народна Република Македонија, но сега треба да лаже ако сака да ја смени личната карта дека била родена во Република Северна Македонија.
-Темнина насекаде, како и во државата. Посакувам светлина. Мислам дека моментов што го делам со вас, моментот на почеток на мојата кампања, ќе биде почеток на крајот на една власт, порача Силјановска Давкова.
Таа ја обвини актуелната власт дека поради нивните политики, Охрид и покрај тоа што еден од најубавите градови во светот е темен, како и дека е темна целата држава.