Попладнево Пробиштип го зафати невреме кое беше проследено со силен ветер и врнежи од дожд и град.

Граѓаните на социјалните мрежи објавија видеа и фотографии од невремето кое се случило околу 17.30 часот, било проследено со силен ветер и град, а како што велат, траело кратко околу 5 до 10 минути.

Сѐ уште нема информации за штети.

Силното невреме со пороен дожд, ветер и град попладнево ги зафати и Кратово, Виница и Кочани.