Професорката Гордана Силјановска ги побива зборовите на директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски дека ако граѓаните одбијат да се попишат ќе има казна затвор.

 

Прашувам: дали директорот на Заводот за статистика „заборави“ да ја цитира законската одредба од членот 51, според која: „Глоба во износ од 200 – 300 евра, во денарска противвредност ќе се изрече за ПРЕКРШОК на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за пописот, или ако даде неточни податоци. Се чудам каде ја прочита законската одредба за одговорност на „поттикнувачот“ или „МОТИВАТОРОТ“, кога таква не постои? ж Нема одговорност за поттикнување и помагање на прекршок, освен во случаи определени со закон! Во тукушто донесениот закон, таков случај НЕМА. За разбирање на безвредноста на изјавата на директорот за покренување кривична постапка што може да резултира и со затвор, треба да се прочита и членот 26 од Законот за прекршоци, во кој е утврдено дека : „ глобата за физичкото лице се состои во плаќање на определен паричен износ, кој не може да биде помал од 15 евра во денарска противредност, ниту поголем од 250 евра, освен ако со законодавството на ЕУ не е поинаку определено!, потенцира таа.