Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ каде ќе биде симулиран сајбер хибриден напад.

Притоа, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат свечено примопредадени минимум сајбер безбедносни стандарди за владините институции на кои се работело во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство.

Фото: МИА архива